EMBASSY OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA
CANBERRA
Почитувани гости, драги пријатели на Македонија, добровечер од ова прекрасно здание
коенавистина доликува на големината на настанот но пред се на големита и важноста на КУД
Илинден за секој еден Македонец во Австралија и секаде во светот. Секогаш кога некој ќе
ме запраша што претставува КУД Илинден и зошто е првата моја мисла кога станува збор
за македонската култура во светот, мојот одговор е многу едноставен “Илинден ја поседува
есенцијата на она што значи да си Македонец, Илинден е сублимат на Македонската гордост,
традиции и на културната супремација на Македонскиот народ во светот”.
Кога ја добив поканата да се обратам на овој прекрасен јубилеј, првото чувство кое ме обзема
беше едно на гордост но пред се чувство на скромност и почит кон се она што олицетворува
и претставува Илинден. Има многу епитети кои би можел да ги кажам во овој момент кои
прецизно би ја позиционирале вашата работа и труд во милјето на македонската културна
ризница, но еден збор кој секогаш ми е прв кога размислувам за вашите заложби како вистински
културни амбасадори на Македонија во светот е зборот трансцедентност. Трансцедентноста на
македонскиот генетски код, македонските идеали, но пред се трансцедентноста на љубовта
кон македонизмот и чуството на гордост да се биде Македонец. Бидејќи да се биде Македонец
е света работа но и обврска да се шири љубовта, разбирањето и толеранцијата кои се врежани
во нашите срца и души. Македонците се луѓе кои ги краси љубовта, толеранцијата и взаемната
почит меѓу нациите, и токму затоа пораките на нашите доајени од античко време па до ден
денес се олицетворени во славната реченица дека „светот го разбираме како поле за културен
натпревар помеѓу народите“. Така сме го гледале светот во времето на Филип и Александар,
така било и во времето на светите браќа Кирил и Методиј, Гоце Делчев и Илинденците, преку
најславната скопјанка Мајка Тереза па се до денешен ден. Ние нашиот печат на светската
сцена го ставаме преку нашата култура и уметност и токму затоа сме единствени и неможе
секој да каже дека е Македонец. Нашите ора и песни се уникатни и единствени но пред
се неповторливи.
Драги пријатели, среќна е Австралија што Ве има, и што КУД Илинден 50 години макотрпно
и безрезервно твори и придонесува кон развојот на современото Австралиско мултикултурно
општество. Македонците тука го донеле најубавиот дел од нашата култура, уметност и традиции
и го инкорпорирале совршено во социјалниот фибер на модерното австралиско општество.
Ви посакувам многу успеси во иднина и се надевам дека следниот ваш јубилеј повторно ќе ме
поканите да бидам дел од современата македонска историја во Австралија.
Уште еднаш Ви посакувам пријатна вечер,
Vele Trpevski
Ambassador of the Republic of Macedonia
to the Commonwealth of Australia
6
50 YEARS
MKUD ILINDEN




