Table of Contents Table of Contents
Previous Page  9 / 24 Next Page
Information
Show Menu
Previous Page 9 / 24 Next Page
Page Background

На 26ти ноември 1966 година, една група

ентузијасти од заедницата во Рокдаел се

собрале во кафулето на Стево Јоану да

го формираат Македонското Културно

и Уметничко Друштво Илинден (‘МКУД

Илинден’). Целта на МКУД Илинден е

зачувувањето на национаниот дух, култура

и традиција на Македонците во Сиднеј.

Друштвото е една од најстарите фолклорни

ансамбли во Австралија. Од неговите

скромни почетоци, МКУД Илинден се

има развиено како едно од најголемите и

најелитните македонски културно уметнички

друштва во светов.

Просториите на МКУД Илинден се

наоѓаат во срцето на Рокдаел во склоп

на Македонската Православна Црковна

Општина Света Петка. За македонската

младина во Сиднеј, не е обврска да

си играорец во МКУД Илинден, туку

е привлегија. Друштвото е составено

од доброволци кои успешно работат

заедно. Моментално друштвото има над

240 членови помеѓу 3 и 25 години. Со

пренесувањето на културата и традицијата

од нивните предци, МКУД Илинден ја

развива македонската младина во Сиднеј да

постанат позитивни и активни граѓани.

МКУД Илинден е врвно друштво кое

на уметнички начин успешно го има

прикажувано фолклорот на илјадници бини,

фестивали и натпревари. Нивните сплетови

се познати за нивната убавина, богатство и

комплексност. Во 1990-тите, сениорската

група редовно настапуваше на фолклорниот

фестивал кој се оддржуваше во Сиднејската

Оперска Куќа.

Во 2002, 2004 и 2006, МКУД Илинден доби

прво место на Sydney Eisteddfod Perform-

ing Arts Challenge и прво место во 2009 на

Sydney World Dance Championships.

Многубројните награди и успеси се

тестамент на современата кореографска

интерпретација. Преку годините друштвото

има оддржувано успешни турнеи низ цела

Австралија и Македонија, каде ја има

преставувано австралиската македонска

дијаспора. МКУД „Илинден” е познато и

пофалено од други елитни друштва

како нациoналниот ансамбл на

Македонија - Танец.

Како едно организација, друштвото е

столб на идентитет, стабилност и моќ

за македонската заедница во околината

на St. George. Срцето на заедницата

чука во црквата Света Петка, а чекорите

на играорците на МКУД Илинден го

водат местото на заедницата во идното

австалиско и светско општество. Друштвото

е мост помеѓу старото и новото; помеѓу

Македонија и Австралија; помеѓу векoвна

култура и традиција со современ спектакл

на танц.

Како вистински амбасадор и жив музеј, овој

специјален 50 годишен концерт е прослава

на минатото, сегашноста и иднината

на Македонското Култуно и Уметничко

Друштво Илинден.

ИСТОРИЈАТА НА

МАКЕДОНСКОТО

КУЛТУРНО И УМЕТНИЧКО

ДРУШТВО ИЛИНДЕН

9

50 YEARS

MKUD ILINDEN